Имавме извонреден почеток на учебна година, со мотивирани ученици и ефективни образовни средби. Часовите се одвиваат во најдобар ред со успешно напредување при изучувањето на англискиот јазик. Темите на кои работевме овие два месеци беа: All about me(Се за мене), Our five senses(Нашите пет сетила), Fall(Есен), Apples and Pumpkins(Јаболка и Тикви), Halloween(Ден на Вештерките)...Последнава недела од месец Октомври ќе биде доста забавна и ќе се фокусираме на празнувањето на Денот на Вештерките (Halloween). Во петок, на 31ви Октомври учениците од Игротеката доаѓаат маскирани во нашето училиште, а вечерта со почеток во 19 часот сите ученици од нашето училиште кои имаат желба да се маскираат можат да присуствуваат на забавата во ресторанот на хотел „Амбасадор“. Часовите во попладневните часови на овој ден нема да се одржат. Ако немате идеа за костим за маскембалот во продолжение следуваат интересни и лесно изводливи костими.
Имајте прекрасна недела и убави моменти со вашите фамилии...
Sunday, October 25, 2009
Fall
"The important thing is not to stop questioning." - Albert Einstein
"Autumn(Fall) is a second spring when every leaf is a flower" - Albert Camus, French novelist
Subscribe to:
Posts (Atom)




