Thursday, November 5, 2009

Ние во „Ритамот на Градот“ на Тера Телевизија

За вас што не успеавте да го проследите прилогот од „Ритамот на Градот“ кој се емитуваше во Понеделник 2.11.09, го снимивме истиот на нашиот блог, иако голем број од присутните ученици на нашата Halloween забава не се во овој прилог.
Имајте пријатен викенд до следно видување!

Monday, November 2, 2009

Забава во Амбасадор

Со зборови навистина не може да се опише разноликоста на костимите кои нашите ученици ги споделија со своите другари вечерта на Денот на Вештерките. Можеби од сликите ќе успеете да доловите дел од нивните маски и атмосферата во ресторанот на хотелот Амбасадор, но беше уживање да се биде присутен таму. Изненадуваше креативноста на нашите ученици кои беа пресреќни во улогата на некој или нешто сосема несекојдневно тој ден. Им се заблагодаруваме ним (нашите ученици), нивните родители и вработените во хотелот, кои заедно со нас вработените во нашето училиште и неколку доброволци овозможија да реализираме една ваква „волшебна вечер“. Ние го напуштивме местото на овој настан исполнети со гордост и уште поголем елан за работа со прекрасните ученици кои секогаш не подмладуваат, засмејуваат и мотивираат. Родители, уште еднаш - благодариме. За крај уживајте во сликите на блогот и до следна средба -пријатно!