Драги Родители/Старатели, Роднини и Пријатели на нашите Ученици,
Пред крајот на 2009 би сакале да ве информираме за случувањата во месец Декември. На почетокот од месецов со некои од групите ученици организиравме Презентации на Проекти за Земји од Светот. Беше навистина интересно и забавно. Имавме можност и да пробаме разновидни јадења од повеќе земји. Учениците одлично се забавуваа на овој ден. Ви благодариме за вашата подршка и креативност за реализиација на ваквите настани, кои без вас и не би биле возможни.
Пред Новогодишните Празници исто така организираме и хуманитарна акција за децата од Домот за Доенчиња и Мали Деца. Во врска со ова ќе добиете писмен извештај во нашето училиште.
Новогодишната приредба ќе биде одржана во последната недела од месецов, а за точниот датум, час и локација ќе бидете информирани што поскоро.
Имајте пријатни предновогодишни денови...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment